Без струја утре делови од Карпош и Центар

Без електрична енергија утре од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците на улицата „Партизанска“ бр.4 во општина Карпош, информира  Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Според информацијата што ја добиле од ЕВН Македонија, утре од 08 до 13:30 часот без струја ќе бидат и жителите на улицата „Мирослав Крлежа“, како и дел од улицата „Антоние Грубишиќ“ и дел од булеварот „Партизански одреди“, кај зградата Скопско Поле во општина Центар.