Улица „Македонија“ вчеравечер беше преполна - сите побрзаа да ги видат живите статуи

Во центарот на Скопје вчера го одбележа Светскиот ден на уметноста. На улицата „Македонија“ беа поставени неколку актови со улични живи статуи, кои ја раскажаа својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика.

Музички настап имаа Емил Ејупи квартет.

Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2024 година. 

- Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како растојание меѓу двете најкратки точки на еден нечуен здив! Задачата на уличните артисти е да го отсликаат на духовит начин она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза! Низ уличната уметност, уличните живи статуи, а и не само низ неа и не само и останатите улични забавувачи се трудат колку што можат повеќе да помогнат секому. Насмејте се, поубаво во стои, порачаа организаторите.  

настанот беше посетен и од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. 

- Приказните на живите статуи вечерва ни го прикажаа Скопје од еден друг агол, онака како што го гледаат уметниците, надвор од конвенционалните и секојдневните случувања. Уметноста обединува и инспирира, да продолжиме да ја развиваме и да ја издигнеме на повисоко европско ниво, порача Ковачевски.