УЈП со важна информација за граѓаните

Управата за јавни приходи објави дека во согласност со Законот за изменувањето на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, со кој се укинува радиодифузната такса, ќе прекине со достава на решениија за утврдување на оваа јавна давачка.

Од УЈП апелираат граѓаните и фирмите што имаат обврска за плаќање на оваа давачка да ги исплатат сите заостанати долгови за периодот јанури 2011 година заклучно со септември 2017 година.

Од УЈП за „Макфакс“ не одговорија колку точно фирми и граѓани ѝ должат на Управата за ненамирени сметки за радиодифузна такса.