Училиштето „Стив Наумов“ во Гази Баба доби енергетски - ефикасна фасада

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше дека ООУ „Стив Наумов“ во Автокоманда доби нова енергетски - ефикасна фасада.

- Изградбата на фасадата, општина Гази Баба ја реализира во соработка со Аутомакедонија АД Скопје кои ја донираа изградбата на фасадата со што ја покажаа својата општествена одговорност. Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена - одговорност. Општина Гази Баба негува партнерски однос со компаниите кои функционираат на територија на нашата општина. Наша е одговорноста, како локална самоуправа да изнаоѓаме извори на финансирање со цел реализација на нови проекти. Со срце за нашата Гази Баба, порача Стефковски