Стефковски: Со засадување 5000 дрва и посакавме добредојде на пролетта

По повод почетокот на пролетта, општина Гази Баба спроведе акција за засадување на 5000 нови садници дрва на територија на општината.

Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со ученици од општинските основни училишта засадија нови дрва во месноста Раштак.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.