Уапсено 26-годишно момче, допирал 70-годишна баба по телото

Вчера полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го уапсиле А.В.(26) од село во Македонска Каменица. Тој се сомничи дека допирал по телото 70 – годишна жена од истото село.

За случајот е запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против А.В. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.