Свирпо убиство во Прилеп, младо момче избодено до смрт

Свирепо убиство на младо момче се случило вчера вечерта во самиот центар на Прилеп пред очите на случајните минувачи. Од она што е познато во јавноста група на млади луѓе најпрво физички нападнале а потоа со повеќе убоди од нож е избодено момче од населеното место Сенокос, општина Долнени.

Според првичните информации, се работи за (А.Д.) кој е на возраст од околу 15-16 години.

Како што кажуваат сведоци  момчето се обидело да побегне и паднало пред самиот влез на прилепската чаршија. Очевидците кои се затекнале на местото на настанот веднаш повикале Итна помош и околу 19:40 било пријавено во полиција.

Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, каде починало од повеќе убоди по телото.