Уапсени двајца струмичани, едниот доброволно ја предал дрогата на полицијата

Две лица од струмичко се уапсени за поседување дрога. Едниот од нив пред полицијата признал дека и дома чува дрога. 

- На 18.04.2024 во 19.30 часот на место викано „Цареви кули“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, струмичко. При преглед над нив, кај А.С. била пронајдена марихуана. Во службен разговор во Полициската станица Струмица А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници, известија до полицијата во дневниот билтен. 

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.