Твитер реакции: Дали Стевче Јакимовски ќе понесе одговорност по појавата на салмонела во Карпош?

Нов случај на салмонела е забележам денес во основно училиште кое спаѓа под општина Карпош, со што бројот на потврдени случаи се искачи на 10, а реакциите на граѓаните и загриженоте родители не стивнуваат.

На Твитер корисниците на големо дебатираат за тоа дали градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ќе понесе одговорност за овој случај, додавајќи дека јавно треба да се знае која е фирмата која доставува храна во Карпош.

Родител на децата кои учат во Карпош открива дека тие како родители две години се обидуваат да ја сменат приватната фирмата која е задолжена за храната во училиштата бидејќи не се задоволни од храната, а и како што вели најскапо ја плаќаат, но сепак не успеале во намерата.

Друг корисник пак вели дека зад оваа фирма се крие Командант Коки, додека друг човек е ставен само како фиктивен сопственик.