Традиционални пролетни Ц.А.Ц.И.Б. изложби во Скопје 2017

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија е во подготовка на традиционалните, интернационални, пролетни изложби на сите раси на кучиња во Скопје за 2017 година. 

Изложбите ќе бидат одржани на 29 и 30 април 2017 година во хотел “Белви” во Скопје со почеток во 10:00 часот. 

Судии кои се предвидени за настанот на 29 април се: Габриела Ридарчикова (Словенија), Марко Лепасар (Естонија, Петру Мунтеан (Романија), Мича Младеновиќ (Србија), Александар Стојковски и Виктор Алексовски (Македонија). 

Судии предвидени за 30 април се: Габриела Ридарчикова (Словенија), Марко Лепсар (Естонија), Петру Мнеан (Романија), Сашо Пешев, Горан Дојчиноски и Марјан Петровски (Македонија). 

Цената за учество на настанот е следна: 

-              Класите бебиња, најмлади и ветерани – 900 денари 

-              Класата од расата Шарпланинец – 600 денари 

-              Класите млади, интермедија, отворена, работни и шампиони – 1.500 денари 

-              Со шампионски сертификат – 1.800 денари. 

Уплатата треба да се изврши на следната жиро сметка: 

210040679830198 

Банка на примач: НЛБ Ттунска банка 

Цел на дознака: пријава за изложба (датум на изложбата) 

Уплатата и пријавата за настанот треба да се извршат најдоцна до 23 април 2017 година.