Далеку се слуша за македонскиот зелник, тавче гравче, сарма и домашна ракија

Ако дојдеш во Македонија, а да не пробаш зелник, баница со праз, тавче гравче, или пак сарма, исто како да не си бил, велат странците. Храна која е мелем за душата, а Македонците се горди со она што имаат да го понудат.

Веганска, безглутенска храна, лесна за подготовка и супер здрава. Описот не се однесува на некој скап специјалитет туку на макеоднското тавче гравче. Се служи топли и со салата од зелка, пишува Лишаи Кауфер ПР косултант за храна и пијалаци, на агрегаторот за вести Хафингтон Пост.

Во текстот со наслов македонската храна е скриено богатство и заслужува поголемо внимание, Кауфер освен за тавче гравче, пишува и за зелникот, го опишува како парче од рајот, потоа за сарма, пестрмајлија, полнета охридска пастрмка, тулумба и неизбежната ракија. За неа македонската храна разговара со вашиот стомак и е песна за вашата душа.

– Велика Британија е преполна со кулинарски задоволства од целиот свет, но ако ги прашате луѓето на улица што би ви понудиле за вечера, најверојатно ќе добиете тестенини, пица, хамбургер или кари. На дланка имаме неверојатни странски кујни. За жал, не сме слушне за нив. Јас сум во мисија да истакнам некои од моите омилени во светски рамки, а ќе почнам со помалку познатата Македонија, истакнува Кауфер.

Макеоднската храна е под влијание на Медитеранот и Блискиот Исток, изобилува со вкусови и разновидност. Рецептите се подготвувани на ист начин со векови, пренесувани од колено на колено преку старите обичаи и тајни кои денес се лесно и веднаш достапни, пишува Кауфер.

Претходно, македонското вино беше интересно за специјализираните портали. „Вајнпер“, порталот посветен на виното и винската култура во септмерви објави текст во кој стоеше заборавете ја Франција, Макеоднија е една од седумте земји во светот од кои задолжително треба да се проба вино.