Тошковски со име и презиме ги објави пратениците кои не гласаа за продолжување на важноста на пасошите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил ги објави со име и презиме пратениците кои не гласаа за продолжување на важноста на пасошите. Тој во постот пиша дека тоа се виновниците притворија стотици илјади граѓани на територијата на Македонија. Тој притоа посочи дека ова го направиле без да дадат разумно образожение и притоа се воделе исклучително од партискиот интерес.

- “Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите. Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето“ напиша Тошковски