ТОАРИЛУЦ со демант: По 70 години комплетно ги реновиравме одделите за преглед и лекување на пацинети

Во целост ви го пренесуваме демантот од ТОАРИЛУЦ: 

Категорично ја отфрламе како невистинита содржината на текстот објавен на вашиот портал со наслов: „Грозна слика од тоалетот за пациетите на Клиниката за ортопедија“, како и објавената фотографија за која пишувате дека е од ТОАРИЛУЦ.

По 70 години ТОАРИЛУЦ комплетно ги реновираше одделите за преглед и лекување на пацинети, направени беа и посебни апартмани за лекување возрасни и деца во склоп на Клиниката за ортопедија, а беа реновирани и сте санитарни јазли. Вашиот медиум не се обрати до ТОАРИЛУЦ за да ја провери информацијата, затоа бараме овој демант да биде објавен во целост, на исто место и со исто време како и информацијата со невистинита содржина.