„Тоа е политички линч за да се добијат политички поени“: Веледрогеријата „Пановски“ му возврати на Милошоски

Од веледрогеријата „Д-р Пановски“ реагираат на вчерашните обвинувања на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во своето излагање пред Анкетната комисија за Клиниката на онкологија, кој ја обвини веледерогеријата за многу работи. Од компанијата денес сигна објаснување и демант со кој ги негираат неговите ставови, оценувајќи го излагањето на Милошоски како „дневно-политички линч“ со цел ставањето на успешни приватни компании во негативен контекст како обид да се спечалат политички поени.

„Д-р Пановски“ наведува дека информациите кои некој му ги сервирал на Милошоски биле погрешни и немале никаква врска со фактичката состојба.

„Со оглед на фактот дека "Д-р Пановски" е единствен овластен дистрибутер за Северна Македонија на светски реномирана компанија за лекови и медицински материјали, на неоснованите напади со кои се наштетува на нашиот корпоративниот углед сме должни да реагираме.

Фаул број 1. Невенчаната сопруга на сопственикот на АД "Д-р Пановски" е причината поради која оваа веледрогерија продава лекови на Клиниката за онкологија Ваквите ad hominem напади кон АД "Д-р Пановски" се без основа. Најмалку зависи од стручното мислење на еден професор на Медицинскиот факултет колку лекови една веледгрогерија ќе добавува на Клиниката за онкологија и целото јавно здравство. АД "Д-р Пановски" постои 29 години, учествува во јавните набавки и е единствен овластен дистрибутер на територијата на Северна Македонија за дел од лековите кои се аплицираат редовно во протоколарните терапии за лекување на најтешко болните пациенти на Клиниката за онкологија. Постојат минимум уште пет веледрогерии кои се во истата ситуација како АД "Д-р Пановски". И тие се единствени овластени застапници во Северна Македонија на фармацевтски компании кои се производители на одредени лекови кои се дел од терапиите со кои се лечат пациентите во јавното здравство. И тие веледрогерии најчесто се единствени понудувачи на јавните набавки во јавното здравство, на кои учествуваат за потребните количини на лековите чии ексклузивни застапници се. Со законските измени во Закон за лекови и медицински средства, од март годинава се овозможува склучување на таканаречени посебни договори за лековите што се покриваат од програмите донесени во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и за лековите што се покриваат од средствата за задолжително здравствено осигурување“.

Наракувајќи го Фаул број 2. „Д-р Пановски“ ги отфрла наводите на Милошоски дека компанијата е „привилегирана за време на мандатот на Венко Филипче и СДСМ“. Податоците покажуваат дека склучените договори за јавни набавки и остварени профити покажуваат на „Д-р Пановски“ во периодот 2006-2017 просечно годишно реализирале 40 % повеќе профит од периодот 2017-2023 година. „Пратеникот Милошоски може да провери, на пример колкав е долгот на јавно здравствените установи во овој момент кон АД "Д-р Пановски". Притоа, нашата компанија без разлика на неповолната динамика на плаќање никогаш не ја довела во прашање дистрибуцијата на лекови за најтешко болните пациенти“.

Веледрогеријата уште наведува дека кога јавноста кога ќе добиела информација за вредноста на јавната набавка за лековите веднаш по автоматизам тој податок го смета и за остварен профит на веледрогериите. „Апсолутно не е така. Цените се регулирани однапред од страна на министерството за здравство и точно се знае по која цена може да се продаде еден лек“.