Тажните песни позитивно влијаат на луѓето

Многу е интересна реакцијата на луѓето кога некој слуша некоја тажна песна. Обично сите велат: „Не слушај такви депресивни песни, ќе ти го убијат расположението“. Е па изгледа не се баш во право.

Според најновите истражувања, тажните песни всушност е добро за нашите души. Според Ентони Доманико, тажната музика може да има вистински длабок ефект на расположението на слушателот. Според едно неодамнешно истражување, тажната музика може да го подигне нашиот дух и генерално има значаен позитивен ефект на нашата емотивна благосостојба.

Еден од најинтересните заклучоци на ова истражување беше во однос на носталгијата. Истражувањето покажало дека тажната музика може да не направи носталгични за среќните времиња и настани во нашиот живот.

Во една статија за „Psychology Today“, д-р Кристин Бачо, објаснува како носталгијата може да ни го подигне расположението:

„Со тоа што го поттикнуваме сеќавањето, носталгијата може да не потсети кои сме биле порано, што се сме морале да надминеме во минатото и кои сме сега во однос на односите со другите.“

Очигледно, меланхоличните песни ни помагаат да се чувствуваме помалку осамени затоа што поттикнуваат спомени од луѓе и искуства од нашето минато.

Но, што има толку привлечно во тажните песни? Според Бачо, се работи за текстовите на овие песни. Зборовите во тажните песни се тие кои го поврзуваат пејачот со публиката. Таа пишува:

„Со идентификувањето со текстот на тажна песна, слушателот може да сочувствува со изведувачот на песната и да добие чувство дека и други луѓе имаат слично искуство со одбивање, загуба, невозвратена љубов, несреќа или други настани чии теми се константно присустни во тажните песни.“

Тажните песни им помагаат на луѓето емотивно да се регенерираат. Кога ви се случува нешто тажно или кога проаѓате низ лош период, тажните песни се еден вид на утеха и пријател во замена за пријателите кои моментално не се до вас.