Таравари се спореди со Обама: Кога можеше тој да победи во САД со црна боја на кожата зошто да не може Албанец во Македонија

Кандидататот за претседател на албанската опозиција во Македонија, Арбен Таравари се спореди со Обама и кажа дека е дојдено време на чело на државата да застане Албанец. Тој додаде дека направиле анализа и резултатите покажале дека сигурно ќе влезат во вториот круг.

- “Во Америка се случи пред 15 години да победи човек со црна боја на кожата. Зошто да не може и во Македонија по 30 години демократија да добиеме поддршка од Албанците, Македонците, Ромите, Бошњаците… Сигурен сум дека ќе добиеме гласови колку што не очекуваме“, кажа Таравари.

Таравари се најде во судир со поранешниот партиски лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, кој спротивно на него смета дека партијата треба да оди сама изборите. Во таа насока, Таравари рече дека е легитимно право на Села да бара разрешувње.

На објавувањето на кандидатурата на градскиот плоштад во Гостивар, присуствуваа лидерите на трите партии од албанскиот опозициски блок – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).