Студентски дом или стан под кирија - тежок е студентскиот живот за тие од другите градови

Од денеска започнува новата академска година. Младите ќе одат еден чекор понапред, со цел да си обезбедат подобра иднина. 

Колку жини студентскиот живот? 

Во секој случај студентскиот живот воопшто не е евтин, со оглед на тоа што во Македоноја нема бесплатно школување. 

Плаќање рата за факултет, купување книги, а за студентите од другите градови на Македонија плус дополнителни трошоци. 

-Јас сум од Берово. Минатата година живеев во студентски дом, но оваа година ќе седам во стан под кирија. Знам дека ќе е поскапо. Ќе седам со уште една цимерка, и станот ни е 150 евра за месец, плус трошоци за сметки, плус јадење. Скапо е, ама мора така. Во студентскиот дом, немаше добро услови, вели Бисера. 

-Јас од оваа година ќе имам двајца студенти. Ќерката е трета година, а синот почнува сега. Кредитите и банките се спас. И двајцата ќе седат во Скопје во стан под кирија, бидејќи не можат да патуваат секој ден до Крива Паланка, вели Весна, родител. 

-Ќе го изберам студентскиот дом, бидејќи е поевтин. Моите немаат доволно финансии за да ми плаќаат стан. Знам дека таму условите и не се многу добри, ама ќе се потрудам и ќе дадам се од себе, за школувањето да не трпи, раскажува Милена. 

-Стан под кирија е мојот избор. Таму ќе живеам со уште двајца цимери, се најдовме на оглас, не се знаеме. Сите имаме по една соба. Знам дека е поскапо од студентски дом, ама има подобро услови, вели Виктор од Кавадарци. 

Животот во Скопје е доста скап посебно за студентите од источна Македонија, кои спасот го бараат токму во овој град затоа што во нивните градови живот за младите луѓе повеќе нема. Некои од нив се одлучуваат да живеат во студентските домови, меѓутоа велат дека животот таму не може да се нарече живеење.

Студентите вложуваат илјадници евра во нивното образование, надевајќи се дека ќе добијат пристојна работа со која ќе им излезе „есапот“. 

Според направените истражувања сумата која ја трошат студентите кои живеат и студираат во Скопје достигнува до 4.000 евра за 4 години за сите нивни потреби. Со зголемувањето на цените на храната, горивото и други секојдневни трошоци, оваа сума во изминативе две години е зголемена и изнесува над 6.000 евра. Тоа значи дека една година студии во Скопје изнесува над 2.000 евра, заедно со сите трошоци.