Стражарски служби се грижат за безбедноста и мирот на граѓаните во Центар

Oпштина Центар гради и реконструира нови детски игралишта, паркови, поставува зеленило и урбана опрема. Поради намерното уништување од несовесни граѓани, особено во вечерните часови, граѓаните на средби со градоначалникот Андреј Жерновски побараа да се сочува сето ова, но пред се, да се заштити безбедноста и мирот на децата и жителите.

Во рамките на проектот „Го чуваме нашиот Центар“ поставени се стражарски брендирани куќички на седум локации на територијата на општината, и тоа пет во Градски ѕид, една во Капиштец и една во Пролет.

Чуварите, кои имаат опрема со логото на акцијата, се на располагање на граѓаните секој ден од 18:00 до 02:00 часот.

Нивни задолженија се заштита на зеленилото во реонот, заштита на урбаната опрема и инвентарот, грижа за безбедноста.

Општина Центар ги повикува жителите да соработуваат со лиценцираните стражарски служби за заедничко добро на сите граѓани и општината.