Стефковски на средба со хрватската пратеничка Петир, најавија заеднички проекти и активности

Денеска градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со хрватската пратеничка Марија Петир која е во посета на земјава. 

-На мое големо задоволство имав чест да бидам домаќин на Маријана Петир, Пратеник во Собранието на Република Хрватска и поранешен Пратеник во Европскиот парламент. На средбата ја изразив мојата благодарност до Маријана Петир за нејзината поддршка кон Република Македонија и македонскиот народ. Во следниот период, општина Гази Баба ќе го развива хрватско - македонското пријателство преку реализација на заеднички проекти и активности, информираше Стефковски. 

На средбата во просториите на општина Гази Баба присуствуваа и пратеничката во Собранието на Република Македонија Жаклина Пешевска и претседателката на Советот Дијана Илиевска.