Становите нема да поевтинат, градежните материјали се скапи а синџирите на снабдување се нарушени

Даниел Цеков од Здружението за градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора за МИА вели дека индустријата на градежни материјали се соочува со три големи предизвици: нестабилни цени на енергенси, суровини и опрема, уништената домашна градежна оператива и намалувањето на кадарот на сите нивоа на образование и сертификација, нерегулиран пазар и увоз.

„Ако земеме во предвид дека според висината на прометот носители на оваа гранка се производителите на цемент и гипс, а по нив следуваат производителите на бетон, тогаш гледаме стабилна состојба и благ раст. Овие производители со основните суровини се снабдуваат локално, а зависно од промена на цените на енергенсите ги прилагодија цените на производите“, вели Цеков.

„Во Македонија на проектите каде како инвеститор се јавува државата, договорите се по најниска и фиксна цена. Заедно со изведувачите запревме и снабдувачите – производителите. Изведувачите се најдоа во слепа улица каде секој се снаоѓаше според своите способности и можности, како не би запреле затоа што тоа ќе значеше крај за некој од нив. Не се најде системско решение за надминување на проблемот. Ние како домашни производители бевме заглавени во роковите на плаќање и ги приспособувавме цените, при што имавме големи загуби. Дел од домашните градежни фирми ставија клуч, а дел од странските компании ги напуштија проектите. Сега нов предизвик се нарушените транспортни врски со Истокот поради блокадите во Црвеното море. Испораките на репроматеријали и опрема од истокот значително поскапеа, со роковите на испорака кои во некои случаи пораснаа за дополнителни три месеци“, укажува Цеков.

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34,4 проценти помалку во однос на истиот месец лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 000 денари, за 41,6  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Сто шеесет и шест одобренија се за објекти од високоградба, 48 за нискоградба, а  42 за реконструкција.

Предвидена е изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031  метри квадратни. Најголем број станови ќе се градат во Охрид, 150, Битола, 112, Дојран, 73, Дебар 48, Гевгелија, 40. Во Скопскиот регион од вкупно 77 станови, 24 ќе се градат во Центар, 20 во Гази Баба, 10 во Чаир