Среќата лежи во самите нас, никој не може да ги смени нашите животи, освен ние самите

Постојано слушаме околу себе како луѓето копнеат за промени и зборуваат дека само едно нешто им недостасува да бидат среќни. Често, ако ги прашате што е тоа нешто не би ни знаеле да кажат, но со сигурност повеќе пати би повториле дека се несреќни.

На почетокот на секоја година често планираме промени, но често заглавуваме во својата рутина и забораваме на нив. Наместо акција, имаме само желба за нешто подобро.

Постојано слушаме лоши работи – болести, војни, депресии, смрт. Си велиме дека мораме да го живееме животот на поинаков начин, да бидеме подобри, но повторно ништо не преземаме. Само живееме со стравот.

Оние кои немаат семејство, се плашат да го преземат првиот чекор. Оние пак кои веќе имаат семејство, се плашат за иднината на своите деца. Други се плашат од неуспех на работа, трети од тоа дека ќе останат без работа. Трети пак се плашат од осаменоста.

Така го живееме животот. Така живеат поголемиот дел од луѓето.

Чекаат пролет, па лето, па зима па есен и секогаш чекаат петок.

Но, на кого чекаме да ни ја донесе промената која ја бараме? Што очекуваме од животот? Самиот да стане добар, по себе?

Запрашајте се, што е најлошото што може да се случи ако тргнете да ја направите промената која ја сакате. А, потоа запрашајте се колку вреди и колку би биле среќни ако ја добиете.

Нормално е да сакате да бидете среќни, но треба да сфатите дека промената лежи во вас самите. Секој од нас живее со свои идеи, ставови и емоции, и никој друг не може да ви ја донесе промената која самите ја посакувате.

Погледнете во себе, видете колку ви е важна таа, а потоа преземете го првиот чекор з да ја остварите.