Не го трошете времето на неважни нешта, ништо не ја троши вашата енергија толку колку работите кои не можете да ги промените

Сите сме создадени од енергија. Таа ни помага да ги постигнеме саканите цели, да си го подобриме животот и да развиеме внатрешен мир. Затоа е важно да се води сметка за неа, секојдневно да се чува енергијата и да се внимава на што ја трошиме. 

На тој начин, стануваме најдобрата верзија од себе.

Далај Лама смета дека постојат т.н. енергетски вампири кои ни ја трошат енергијата. Тој ги споменува токсичните луѓе, стресните ситуации и тн.

Прифатете ја сегашноста и ситуациите кои не можете да ги промените

Живееме во брзо време. Го отфрламе уживањето во сегашноста и постојано мислиме на утре, на некои нови планови и не го цениме тоа што го имаме. Наместо тоа, треба да ја препознаеме сегашноста и ситуациите кои не можеме да ги промениме. Да не се повлечеме, туку да сфатиме дека не можеме да се бориме против тоа што не можеме да го промениме. Тоа е прифаќање.

Одморете кога се чувствувате исцрпено

Способноста да најдете време да се одморите, наместо постојано да бидете роб на работата е драгоцена. Многу е важно да знаете кога треба да застанете и да одморите, а кога е време за акција. Ако немаме такво разбирање, тогаш не го ни цениме својот живот.

Окружете се со позитивни луѓе

Кога зборуваме за позитивни луѓе, мислиме на оние кои прават да се насмевнете, да разговарате на убави теми, да се смеете гласно. Тие се луѓе кои ви помагаат да бидете подобра верзија од себе секој ден и кои ве мотивираат постојано. Одалечете се од оние кои постојано зборуваат за своите проблеми, катастрофи, стравови и кои постојано ги критикуваат другите.

Водете сметка за своето здравје

Здравјето е основа за сите нешта во нашиот живот. Без здравјето, немаме и не можеме да имаме ништо. Тоа нека биде вашиот приоритет!

Научете да простите

Не држете бес во себе, ослободете се од негативните емоции поврзани со лутењето и желбата за одмазда. Ослободете се од сите ситуации од кои патите. Оставете ја болката во минатото.