Средба на министерот Спасовски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денеска се одржала работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадор Клеменс Која.

На средбата, информираа денеска од МВР, двете страни изразиле задоволство од досегашната успешна долгогодишна соработка и дискутираа за напредокот во реализирањето на заедничките проекти.

– Притоа, беше потврдена важноста на нашето сериозно партнерство кое се рефлектира и во фазата на подготовка на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ  во 2023 година, се наведува во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски ја потврдил и отвореноста за продолжување на заедничките активности во насока на целосно исполнување на зацртаните иницијативи.