Спортскиот канал ЕСПН воодушевен од македонските дресови

Спортскиот канал ЕСПН, кој е американска продукција, со големо внимание го следи и Европското првенство во фудбал.

Во своите емисии посветени на ЕП 2020, тие зборуваа за дресовите на репрезентациите и се согласија дека Македонија го има најубавиот на првенството, според експертите Ерк Гомез и Клинтон Јејтс.

Потсетуваме, за малку репрезентативците ќе играа во дресови со новиот дизајн, но истиот ден кога беа презентирани, нијансата на црвената боја предизвика бурни реакции во јавноста. 

По само неколку денови беше одлучено дека македонските фудбалери ќе играат во дотогашниот официјален дрес.