ВИДЕО: Голем великодушен потег на капитенот Кире Лазаров

Синоќа Битола беше домаќин на претквалификацискиот ракометен натпревар Македонија – Турицја во кој „црвено-жолтите“ победија со 31-27. По натпреварот, капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров го подари својот дрес на долгогодишниот економ во РК Пелистер, Дади.

Великодушен потег за големиот Лазаров и уникатен спомен за економот на Пелистер.

Лазаров настапуваше за Пелистер од 1997 до 2000 година од каде што по заминувањето ја почна блескавата интернационална кариера која се уште трае.