Совршена загатка за претстојните празници: Пронајдете го Дедо Мраз!

Овие интернет загатки кои го тестираат видот станаа навистина голем хит, а сега, откако навлеговме во декември, почнаа да излегувааат и оние новогодишните загатки.

Најнова е загатката каде што во мноштвото Дедо Мразовци треба да го најдете оној којшто носи вреќа со пари. Ќе успеете ли да го најдете?

На оваа слика има 160 идентични Дедо Мразовци кои носат вреќа со зелени подароци. Само еден носи вреќа полна со зелени пари. Се разликува од останатите и по нијансата на потемно одело.

Го гледате ли?

Доколку не успеавте да го пронајдете одговорот е на следната страна!

Еднаш кога ќе го видите, нема да ви се верува дека не сте го виделе претходно!

Еве каде е:

Во третиот ред броејќи од долу, третиот од десно кон лево.