Со врски и пари до лек против рак?

Јавноста згрозена од веста дека на Онкологија терапија се добива со врски и пари. Дел од граѓаните велат дека тоа е јавна тајна и се знае, но никој ништо не превзема да се исправи неправдата. 

Вработена од Клиниката за онкологија тврди дека пациентите се манипулирани со лековите за рак, пренесува „Алсат“. 

Како што информира „Алсат“, вработената сакала да остане анонимна, а ги пренела информациите дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно.

Таа тврдела дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат. Според вработената на онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа за „Алсат“, вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

За злоупотребите на Клиниката за онкологија има и други наводи, пренесува „Алсат“. Имено, анонимно писмо укажува на сомнежи дека во системот се уште се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии, пишува „Алсат“.  

Граѓаните велат дека ова е нехумано, страшно, нечовечки, но се немоќни и беспомошни да реагираат секој посебно. 

Каде ли ќе им оди душата на тие што се богатат на туѓата несреќа, прашуваат граѓаните! До кое дереџе сме како држава?