Следниот неработен ден е во среда - денови кога ќе одмориме

По Илинден, во месец август имаме уште еден неработен ден кој ќе можеме да одмориме.

На 28 август, среда, паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и тој ден е неработен за православните верници во земјава.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик