Скопје - евтиниот балкански град совршен за пролет, оддалечен само три часа

Реномираниот „Тајмс“ со репортажа за Скопје – главниот град на Македонија кој го оценуваат како евтина и совршена дестинација за пролетно патување.

- Директни летови, хотел на брод и богата гастрономска култура: северномакедонскиот главен град Скопје е викенд бегство за кое не знаевте дека ви треба - се вели во воведот на репортажата. 

- Главниот град на Македонија е место за фасцинантен, достапен и сосема поинаков вид на одмор. Просперитетна кафе-култура, растечкиот број на барови (многу од нив специјализирани за сè попопуларните македонски вина), блескавите нови трговски центри и безбројте музеи, сето тоа придонесува за ефектот, пишува „Тајмс“.

Во репортажата се вели: 

- Скопје се протега низ планинска долина пресечена со реката Вардар, а земјотресите го принудија градот да се обнови и повеќе од еднаш, создавајќи „мозаици“ на архитектурата во која фантастични вештачко-неокласични градби се преплетуваат со модернистички и бруталистички градби, како и големи статуи за кои мислењата се поделени. Окупирано од амбициозни империјалисти со милениуми, и дел од поранешна Југославија, Скопје е витална трговска станица на Балканот.

Денес, градот, родното место на Мајка Тереза, е калеидоскоп на етникуми, религии и традиции, со минариња кои се издигнуваат под погледот на градскиот планински крст, пишува угледниот магазин.

Во репортажата даваат и предлог за задолжителните места кои треба да се посетат во Скопје во текот на два дена.

48 часа во Скопје

Ден 1

• Утро: Градски музеј

• Ручек: Пелистер

• Попладне: Тврдината Кале

• Јадете во: Скопски мерак

• Вечер: Река Вардар/Градски парк

• Пијте во: Ракија Бар Калдрма

Ден 2

• Утро: Кањон Матка

• Ручек: Хотел & ресторан Кањон Матка

• Попладне: Жичарница на планината Водно

• Пијте во: Балкан корнер во Стара чаршија

• Вечер: Национална галерија на Македонија

• Вечера: Soul Кitchen Bar во Ист Гејт мол

„Тајмс“ на туристите им препорачува да го посетат и трендовскиот кварт Дебар Маало. Посетете го „Скопски мерак“ каде се служи традиционална пастрмајлија (македонска печена пита), плус свеж леб во рерна и задолително пробајте фо специјалитетот на куќата -  свинско месо!