Скопјани се жалат: Продолжува масакрот врз реката Треска кај Сарај (Фото)

Институциите сè уште немаат решение за ѓубрето кое може да се забележи должд коритото на реката Треска.

Поединци не внимаваат на животната средина и ја загадуваат реката Треска со тоа што фрлаат разно ѓубре во реката, а ова предизвика револт кај скопјани затоа што никој не презема мерки за да се реши проблемот.

- Продолжува масакрот врз Треска кај Сарај. Никој не одговара, ниту општината, ниту државните инспекции. Со години објавувам слики и коментирам, но никој не реагира, вели поранешниот ТВ-презентер Бране Стефановски.