Скопјанец позитивен на коронавирус шетал во Охрид

Скопјанец позитивен на ковид 19 доби кривична пријава затоа што наместо во самозиолација отишол во Охрид. На 13март се вратил од Австрија и  потпишал изјава за самоизолација но наместо да седи дома 14 една недела подоцна на 20ти март се тестирал во болница во Скопје. Резултатите покажале дека 44 годишниот скопјанец е позитивен на корона вирус но тој спротивно  медицинските препораки за строга самоизолација,отишол во неговиот стан во Охрид.

Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март 2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга, информираат од СВР Охрид

Полицијата го пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.