Синдикат на Водостопанство: Доколку нема плата ќе го радикализираме протестот

Синдикатот на водостопанство вели дека немаат земено плата и како директни виновници за оваа ситуација во која се наоѓаат ја посочуваат Владата и менаџментот на компанија. Се заканија дека ако не им се исплати платата во наредниот период ќе ги радикализираат протестите.

„Вработените си одат редовно на работа. Се знае кој е виновен, Виновни се Владата и менаџерскиот тим за оваа голгота овде што се случува. Да оставиш армија на вработени без разлика дали тоа било Водостопанство или Национални шуми и за претходните празници кои поминаа и за претстојните е срамота. Пак ќе напоменам единствен виновник е Владата и менаџерскиот тим. Работниците воопшто не се виновни за ова што се случува овде. Ние си ја бараме платата и доколку не ни биде исплатена во наредниот период планираме да го радикализираме нашиот протестот“ велат од Синдикатот