Симптомите на корона и на болест на тироидната жлезда се исти?

Секој втор човек во светот има проблем со тироидната жлезда, а под најголем ризик се жените во средни години.

Во перидов на пандемија, често пати се случува симптомите на дисбаланс на штитната жлезда да се поклопуваат со симптомите на корона вирусот.

Српскиот доктор ендокринолог Дејан Илинчиќ вели дека станува збор за неспецифични симптоми кои може да бидат слични или исти како кај ковид-19. Малаксаноста, анкциозноста, опаѓањето на косата, потењето...сите тие се симптоми кои алармираат на корона, но и на нарушување на работата на најголемата жлезда во организмот. 

„Вирусот како вирус ги напаѓа сите органи во организмот, а најчесто срцето и белите дробови. Тироидната жлезда произведува хормони кои влијаат на целокупниот метаболизами и на тој начин влијае на состојбата на органите“, вели тој.

Иако ретко се дијагностицираат последици по корона вирус во однос на работата на тироидната жлезда, сепак се јавуваат и такви случаи и најчесто станува збор на активноста на оваа жлезда или хипотироидизам.