Шопинг еуфорија во Скопје: Попустите не се многу “предновогодишни“

Предновогодишната шопинг еуфорија стигна и во македонската престолнина. Трговските центри, посебно за време на викендите се преполни.

Трговците тријат раце и се подготвуваат за крајот на годината граѓаните купуваат на големо од храна за новогодишната и божикната трпеза, лампиони и најразлични новогодишни украси за домот, до пакетчиња и играчки за најмалите и секако облека за дочек на најлудата ноќ.

Како што ќе се зголемуваат новогодишните попусти, така очекуваат бројот на потрошувачи да расте.

Но, скопјани не се задоволни од попустите, па најголем дел од нив само разгледуваат што има по полиците и по излозите и чекаат поголемо намалување на цените.

„Цените се високи ќе чекаме да да заврши предпразничната еуфорија па да настапат вистинските попусти кога ќе може да се купи  нешто поевтино, по цена која ми одговара“, вели скопјанката Маја.М.

Се очекува најголем профит да остварат супермаркетите. Анализите покажуваат дека просечните дневни сметки на граѓаните изнесуваат околу 5.000 денари.И салоните за убавина земаат дел од празничниот потрошувачки колач. Периодов ретко може да се најде слободен термин. Ако во обичен месец се трошеле по 3.000 денари за разубавување, во декември се трошат повеќе пари.

Дочек на Нова Година во ресторан, кафуле и дискотека

Оние кои ќе останат дома ќе треба да готват или да купат храна, а оние кои ќе одат во кафуле или ресторан ќе треба да платат мени. Според слободни проценки за скромната трпеза и подароци едно македонско семејство за најлудата ноќ во годината троши по 100 евра во просек.

Додека во ресторан, кафуле, дискотека понудата зависи од имиџот на локалот цените се движат од 800 па и до над 6.000 денари.