Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека не можат да излезат со свој кандидат за Скопје

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска на прес-конференција, се обрати до скопјани, но и ја искритикува опозициска ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што не настапуваат со свој партиски кандидат на претстојните локални избори. 

Според него, тие се свесни за хаосот што го направија во Скопје во претходните мандати, па се срамат да понудат свој кандидат. Поради тоа, ја поддржуваат независната кандидатка Данела Арсовска. 

-Мене ми е многу жал, но од ВМРО-ДПМНЕ очигледно се свесни дека со дивеењето кое го имаа во овoj град, со некомпетентното раководење, не можат со свој кандидат да излезат пред скопјани. Јас не знам зошто кандидатот се срами да каже дека е од ВМРО-ДПМНЕ - рече Шилегов.