Шест показатели дека вие сте моќна и харизматична личност

Сите луѓе сакаат харизматични личности во своја близина. Дали и вие имате харизма? Дали се пронајдовте во показателите подолу?

Отворено ги покажувате чувствата

Имате тенденција бргу да им се отворате на нови луѓе. Не ги разубавувате своите чувства и знаете да бидете нетактични. Не ве интересира што мислат луѓето и кој знае за вашите чувства.

Навистина се грижите за сѐ

Помирете се со тоа дека има пар работи за кои не чувствувате страст. Вие или сте многу страствени или ви е сеедно за сѐ. Нема средина. Кога ќе пронајдете страст за нешто, со сета сила се борите за тоа. А имајќи го тоа на ум...

Се борите без ограничувања

Кога ќе се фатите за нешто, тоа е борба до смрт. Вашиот интензитет сепак не го гледаат другите како агресија, затоа што паметно и пресметено им приоѓате на ситуациите.

Зборувате јасно и уверливо

Вие никогаш не кажувате нешто што не мислите. Одлични говорници, но што е уште поважно, вашите зборови имаат тежина. Секогаш самоуверено ги кажувате работите што ви се на ум.

Искрени сте до коска

Вие сте директни и не трошите време на глупости. Кога ќе кажете нешто, тоа навистина го мислите, без оглед на тоа дали се работи за нешто позитивно или негативно. Вие сте искрена личност.

Сакате значајни разговори

Воопшто не ве интересираат муабети за времето. Сакате конкретен разговор, а не нешто бесмислено. Филозофија, психологија, духовност, уметност, општество – тоа се вашите омилени теми.