Сезоната на базените започна, но внимавајте, лекарите предупредуваат на опасностите кои демнат таму

Со завршување на учебната година, започна сезоната на базенити. На нив најмногу им се радуваат тинејџерите, кои таму се рекреираат во текот на летниот распуст. 

Пливањето е сосем сигурно, еден од најздравите спортови. Покрај тоа, во текот на летните температури, да се разладите некаде и да се спасите од горештините дефинитивно делува примамливо. За жал неможат сите да си го овозможат задоволството одмор на море, па и да можат, не до толку колку што трае летото, па затоа спасот може да се побара на базен.

Меѓутоа колку и капењето во базен да има позитивни работи( а ги има), постојат и оние кои не се баш толку убави.

Ќе прочитате неколку коросни нешта и што се може да ни наштети, а одлуката останува на вас.

Пливањето има фантастично влијание на изгледот, ја подобрува линијата, позитивно влијае на здравјето и на психата. Доколку имате некој килограм повеќе, најдобро е да се ослободите со пливање отколку со диета, плус пливањето е полесно и носи помала можност од повреда отколку да речеме фитнес или теретана.

Доколку Вашата кожа е нормална, не постои голема опасност дека зголеменето ниво на хлор во водата ќе ја исуши Вашата кожа. Дури и да е премногу сува, ако после базенот се истуширате веднаш и нанесете млеко или масло за кожата, нема да дојде до пресушување. Уште една добра работа – во базените може да применувате и хидромасажа, а можете и самите да си ги масирате нозете – тоа ќе Ви помогне за подобра циркулација и намалување на целулитот.

Од друга страна, постои и можност да добиете инфекција( кожна или вагинална), не преку водата во базенот, туку преку не толку чистите даски, бетон, или соблекувални. Доколку пливате во затворен базен, тука постои можност и да добите полни брадавици, затоа што во затворените базени нема сончеви зраци кои што ги уништуваат вирусите.

Трудниците, треба посебно да бидат внимателни, за нив и воопшто не се препорачуваат поради можност од инфекции. Базените не се препорачуваат ни на жените кои што се склони кон вагинални инфекции, затоа што постои поголема опасност од зарази, како и да ги заразат другите.

Накратко: гужвата и можноста за проблеми со кожата, вагинални инфекции и сушење на кожата се неколкуте опасности кои што можат да Ве пречекаат на базен, меѓутоа со адекватна нега и тоа може да се реши, сепак предноста на базенот, пливање, уживање подобрување на кондицијата и убавиот изглед не ги пропуштајте и ова лето. На Вас останува да одлучите за малите ризици.