Колку чини изнајмувањето вила со базен во Скопје?

Високите температури секогаш се повод да се побара место за разладување, а кога се има и повод за забава, често се бараат приватни вили со базен за изнајмување во Скопје и околината.

Колку чини ова задоволство и што е вклучено во цената?

Приватните вили со базени во скопско обично се изнајмуваат по цена од 150 евра, што доаѓа по околу 10 евра од лице доколку сте друштво од 15 лица. Има и поевтини понуди од околу 6.000 денари, но и поскапи понуди, од околу 200 евра.

Од понудите може да се види дека зависно од намената и се формира цената. Ноќевањето за околу 5-7 лица може да чини и околу 6.000 денари, со тоа што дворовите на вилите имаат капацитет за околу 30-тина гости доколку станува збор за журка на отворено, покрај базенот.

Полуксузните објекти се издаваат за повисоки цени, и дел од нив имаат поголем капацитет за гости на отворено, а младите најчесто го избираат овој начин за прослава на роденден, дипломска, вработување, „моминска вечер“...

Периодот во кој се изнајмува е двосменски, на пример од 10-17 часот, или од 18 часот до полноќ.

Вилите со базени во скопско во оваа цена најчесто вклучуваат паркинг за повеќе возила, лежалки, лулашки за рекреација, летниковци, простор за приготвување скара, конопои, шанкови, озвучување...