Сервисни информации: Делови од Скопје денеска без струја и вода

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Карпош.

Во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од улица Скупи – крак 20 во населба Злокуќани во општина Карпош ќе немаат струја. 

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф-150 мм на улицата Рилски конгрес бр. 1, во периодот од 9 часот, па сè до завршување на работите, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Партение Зографски и Белградска (општина Центар).