Секси потези кои мажите ги обожаваат

Можеби мажите често гледаат порно филмови очекувајќи жените да се однесуваат така и во реалноста, но тоа се нереални очекувања бидејќи всушност порно филмовите се само филмови.

Сепак, постојат мали ситни секси потези кои мажите ги обожаваат и со кои можат лесно да бидат полудени од страна на жените. Жените не мора да се порно ѕвезди кои мораат да глумат, туку едноставно да си играат и уживаат.

Безобразни зборови

Воопшто не е тешко ако ја пуштите фантазијата и расположението да ве обземат. Можеби мислите дека треба многу да размислувате и смислувате нови зборови, но не е така. Едноставно гласно кажете му што ви е на ум или што би сакале да правите. Тоа ги полудува мажите.

Допирајте се

Во текот на предиграта, натерајте го да ве гледа како се допирате. Тоа е нешто што мажите го обожаваат, а всушност тоа се и темите на нивните омилени порно филмови. Не дозволувајте да ве допре, туку потрудете се да ве гледа. Гледајте го во очи додека го правите тоа.

Ставете ги неговите раце онаму каде што сакате да бидат

Фатете го својот партнер за рака и движете ја неговата рака на вашето тело, а потоа однесете ја онаму кадешто сакате таа да биде. Внимавајте како тој реагира на овој гест и ќе се осигурате дека тоа е нешто што мажите многу го сакаат.

Запалете ги светлата

Иако сексот во темница или покрај свеќи знае да биде навистина романтичен, сепак дозволете му да го гледа вашето тело и да ужива во тоа што го гледа. Облечете секси облека и тој веднаш ќе види секс бомба во вас. Нека ве гледа и ужива во вашата убавина.