„Сеирот“ ги пречека пасошките обрасци!

Македонците истераа квалитетен сеир на социјалните мрежи на сметка на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев кој синоќа на Граничниот премин Богородица лично ја пречека новата пратка од 140.000 обрасци за пасоши.

Тој веста ја сподели на својот официјален фејсбук профил, а ја пренесоа голем број медиуми. 

Граѓаните „хејтаат“! Еве дел од нивните досетливи реакции: 

- Монти Пајтон може да ни носи вода. Отишол да пречека пасоши. И вика добредојдовте во Македонија пасоши наши. Ние сме лудаци!

- Дали обрасците имаа кореографија на пречек, некој кан кан нешто? Не знам зошто така тивко влегоа без да ги видиме, а пречекани соодветно ќе речеш…Срам од туѓ срам или шо би рекле децава, класичен кринџ. Ние и денес ќе донираме, вие сликајте се и седнете после на некој бифтек да не заслабнете до избори или со дипломатскиот лапнете некоја шкампа у Солун. Ние ќе завршиме све, напиша инфлуенсерката Миа Костова. 

- А црвена лента да се пресече на свеченото отворање на кутиите?

- Со која песна ги пречекале?! Можеби со свадбарска "Домаќинеееее добри гости ти дојдоаааааа"...

- Вакцини против Covid19 чекаа на граница, сега обрасци за пасош се домк’нале до Гевгелија да ги пречекаат, што е следно не знам.

- На граничен премин Табановце чекавме вакцини, на Богородица денес обрасци, и во двата случаии поради неспособната политика на власта, а бруката нивна сакаат да ни ја продадат како нивен успех со овие медиумски драми.

- Лелее светско чудо!!! Кое воодушевување!! Аплауз! Овации ајде! Циркус невиден!