Бојмацалиев отишол да пречека пасоши! И вика добредојдовте во Македонија пасоши наши! 

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица синоќа лично ја пречека Новата пратка од 140.000 обрасци за пасоши, а веста ја сподели на својот официјален фејсбук профил.

- Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, соопшти Бојмацалиев во објава на Фејсбук.

Бојмацалиев апелира до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на пасошите, и вели дека „вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи“. 

На социјалните мрежи веднаш се пошегуваа: 

- Монти Пајтон може да ни носи вода. Отишол да пречека пасоши. И вика добредојдовте во Македонија пасоши наши! - гласи еден досетлив коментар.