Се тресе тлото во соседството - Утрово земјотреси во Бугарија и Грција

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри. 

Тлото „се тресеше“ и во соседна Грција. 

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез. 

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина. 

Засега нема информации за повредени или материјална штета. 

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени.