Прегазена 56-годишна жена во Куманово

27-годишен возач од Куманово со „голф“ прегази 56-годишна жена од Куманово. 

- На 08.05.2024 во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово, соопштија од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.