Да ставате постојано слики од вашето дете на интернет, значи исто како да сте го пуштиле само на раскрсница, советуваат надлежните лица.
Интернет е една многу добра работа, но во исто време може да биде и многу опасно место. Достапноста на паметни телефони, користење на друштвени мрежи стана секојдневие и на децата и на родителите.
За жал сетоа ова, предизвикува големи медиумски друштвени проблеми, како говор на омраза, зголемена агресивност и насилност помеѓу децата, а најмногу злоупотреба на децата во вид на порнографија.
Кај родителите треба да се зголеми свеста за ризиците и опасностите со кои се соочува нивното дете во случај на користење на интернет.
Се апелира до родителите да не објавуваат слики од своите деца на интернет, а особено не слики од плажа и во костим за капење. Заштитете се себе, а пред се вашите деца.