Самсоненко ги почeсти вардарци со летување на Хвар (фото)

Дел од ракометарите на новиот европски шампион се на заеднички одмор во Хрватска, кој е организиран од сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, кој пак, е познат по тоа што сака да им угоди на своите спортисти.

По освојувањето на Лигата на шампионите, газдата на Вардар реши да ги собере ракометарите на одмор во Хрватска, како еден вид на благодарност за напорната сезона која ја имаа црвено-црните, во која успеаа да освојат дури четири трофеи.

Ракометарите се пофалија на социјалните мрежи од својот одмор.

Фото: 24Ракомет