Само една одлука...

Само една одлука те дели од сосема поинаков свет. Само еден мал чекор. Чекор во поинаква насока. Кога еднаш ќе тргнеш по тој друг пат, ќе ти се отворат сосема поинакви видици. Видици кои не си ни можел да ги замислиш. 

Оние кои си ги сонувал, но ни во сон не си помислил дека се толку блиску...
На дофат на раката. Кога ќе се осудиш да ги подадеш рацете.
На чекор до тебе. Кога ќе се осудиш да направиш чекор. 

Потребна е само една одлука. Една одлука која сосема ќе ја промени насоката на движење. И ќе те однесе во некои нови висини. 

Осуди се.
Одлучи се.
Не се плаши.
Препушти се и дозволи да те однесат.

Затоа што не те повикуваат залудно. Постои причина зошто треба да тргнеш по тој пат. И зошто е тоа добро за тебе.
Затоа, не анализирај премногу. Не размислувај во недоглед.
Одлучи се!
Тргни!
И не дозволувај никој да те спречи во твојот пат!

Оди и живеј го животот кој си одлучил да го живееш!

~ Ива Брадариќ