Да донесеме само една одлука за годината која доаѓа: Да не се каеме за ништо

Уморни сме, постојано грешиме, одложуваме некои работи, се мачиме со грижа на совест  и така во круг.

И како што поминува годината, со неа носиме сè што е радосно или болно. Размислуваме за работите кои сме ги постигнале, за тоа што не сме успеале да го направиме, за луѓето кои сме ги изгубиле. Размислуваме како би било кога би било. Но, често забораваме дека сè е минливо. 

Затоа, ајде во 2020 да си направиме себеси огромна услуга: Да престанеме да се каеме.

Да престанеме да се каеме за тоа што сме го направиле и за тоа што не сме го направиле. Да престанеме да се каеме за нашите будалести моменти кога сме згрешиле, за тоа што сме немале храброст да кажеме или да направиме нешто, за тоа што сме си заминале од некои луѓе. 

Да не се каеме веќе за белите лаги за да ги усреќиме другите. Ниту пак за лагите кога не сме во состојба да излеземе. 

Да престанеме да се каеме што им даваме телефони на своите деца повеќе одошто тоа го препорачуваат експертите. Да престанеме да се каеме за работите кои сме ги купиле, а само сме ги натрупале во својот дом. Ниту за тоа што ненаспани сме отишле на работа, или сме го преспале цел викенд. 

Не сме роботи, луѓе сме. 

Наместо тоа, да се потрудиме да бидеме среќни! Минута за минута, ден за ден.