РТК: Се подготвувал атентат врз Курти во Скопје

На косовскиот премиер Албин Курти му се зканувал атентат за време на неговиот престој во Скопје. РТК, повикувајќи се на извори од безбедносните институции на Косово, објави дека веднаш по состанокот на Советот за безбедност на ОН добиле информации дека има обид од Србија за атентат на премиерот Албин Курти во Скопје.

За РТК е соопштено дека оценките за заканата по животот на Курти се сериозни, особено ако се има предвид дека тие доаѓаат од повеќе извори на информации.
„Тоа беше српска оперативна комбинација, каде медиумските измами беа испреплетени со акции на терен од можни атентатори од српско-македонски екстреми, блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“, изјавил изворот за РТК.

Извори од безбедносните институции во Косово за РТК изјавиле дека по добивањето на информацијата, косовските безбедносни институции ги известиле надлежните институции во Скопје. Веднаш се формирале заеднички работни групи кои биле распоредени низ Скопје, а посебно во периметарот на локацијата каде што престојувал Курти“, рекол изворот.

Според изворот на РТК, на нападот му претходел напис во српските медиуми каде лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас бил обвинет за средба со Курти.

„Според анализите, нападот може да изгледа спорадичен, наводно од српско-македонската екстремна десница“, нагласува изворот. „Информациите дојдоа како разузнавачки информации од неколку извори, и од отворени извори, како што се српските канали на руската платформа Телеграм. Едниот канал „КОРИДОР“ е на терористичката организација „Цивилна заштита“, додека другиот „БУНТ“ на српската екстремна десница. И двете се под контрола на српските разузнавачки служби“,рекол изворот на РТК.