РК Вардар го откри големиот спонзор, „Кемпа“ ќе го снабдува клубот со опрема

Ракометниот клуб Вардар на денешната прес-конференција го откри големиот спонзор. Германската компанија „Кемпа“ ќе го снабдува клубот со опрема и на тој начин ќе донесе огромно олеснување за клубот. Целокупното снабдување со опрема ќе биде на терет на новиот спонзор објасни извршниот директор Борко Ристовски. Инаку „Хумел“ беше спонзорот на Вардар но кон крајот на сезоната таа соработка ќе заврши

„Чест ми е што успеавме да споиме два бренда на едно место. Соработката со 'Кемпа' носи многу бенефити за Вардар и македонскиот спорт, а на почеток ќе биде на три години. Ова е спонзорски договор кој треба да биде на долги патеки, а како ќе се развива соработката ќе објавуваме со тек на време. Оваа соработка ќе има и додадена вредност за нашиот клуб бидејќи носи преговори со други германски компании и спонзори. Среќни сме што „Кемпа“ одлучи да биде еден од спонзорите на Вардар. Соработката со 'Кемпа' стартува од следната сезона, но разликата ќе биде огромна. Не сакам да зборувам против брендот кој долго бил со Вардар, меѓутоа ние трошиме сериозна сума на пари за опрема. Отсега, тоа комплетно ќе биде покриено од новиот спонзор. Се работи за доста сериозна сума на пари. Не можам да зборувам за идни соработки, меѓутоа точно е дека зборуваме и со други германски компании кои се присутни во регионот. Можам да го кажам само тоа, бидејќи не треба да зборуваме за чувствителни теми додека не биде официјално“, изјави извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски.